Тричковски не верува дека Геровски “го напишал најодвратниот текст во македонската историја”

Loading...

Колумнистот на Слободен Печат бара од уредникот на весникот Бранко Героски да и се извини на обвинителката Фатиме Фетаи и на јавноста!

Реакцијата на Тричковски доаѓа по текстот на Героски во кој тој ја напаѓа Фетаи.

“Геро, па какво е ова обраќање кон една жена!?
Те читам и не ми се врува дека си решил да се потпишеш под најодвратниот текст во македонската пишана историја.
Неверојатно!
Куклата од продавницата “Артурс” ми се јави да ми каже дека секое утро се скаменува кога ќе дојде часот да се појавиш од зад аголот и дека таа помалку те поднесува тебе отколку што ти не ја поднесуваш Фатиме. Но, нема кому и како да се обрати, да ги каже своите маки, своите чувства на жртва на фетишистичката перверзност на еден главен уредник.
Тоа што ти откриваш дека куклата ти е повеќе секси од една дама, е порелеватен факт од фактот дека Фатиме не ти е по мерка. Вториот факт нема никаква општетствена релеванција. Што да прави Македонија со тоа што Фатиме не ти се допаѓа. Но, ако јас кажам дека Моника Белучи ме привлекува помалку од цицлестите мајки што дојат деца под споменикот на Филип Втори, тоа може да има важност за моите јавни пројави и функции. Ако имаш полн ормар со кукли на надувување или фиксни, сеедно, тоа може, не мора, се разбира, но може, да има значење во однос на капацитетите да вршиш јавна функција дури и во една вака чудоредизирана вукојебина каква што е Македонија.
Од каде ти е идејата да и префрлаш на жената за музиката на Аца Лукас. Ти ли ќе и кажеш каква музика теба да слуша!? Уште повеќе сум скандализиран од идејата да се заебаваш со нејзиниот став околу српскиот јазик. Зошто да не мисли за тој јазик така како што мисли!?
Ти препорачувам да го повлечеш текстот, да и се извиниш на Фетаи и на јавноста. На сите ни се случува да напишеме по некое срање. Ти си претерал малку премногу. Претпоставувам дека си имал напад на некаква интелектуална, маскуларна или морална и мизогина, можеби, дијареа. Олесни си ја душата, ко што си си ги олеснил цревата.

П.С.
Не сакав да говорам за тоа какви импресии кај мене предизвикува госпоѓата Фетаи; па не сме тука за да правиме некакво наддавање, но и во оваа прилика не можам да не кажам дека јас ја разбирам оваа убава жена како личност која отвора нови димензии на слободата на жената во Македонија. Нејзината мисија, сакам да кажам, не е помала од нејзината убавина. Жената ги заслужува сите наши адмирации”, пишува Тричковски.