„АСНОМ и Илинден ќе останат политичка историја и митологија, но политичките критериуми што ги наметнуваа тие елементи се исцрпени. Конфликтот околу името е последната битка меѓу македонскиот патетичен шовинизам, меѓу македонската лажна историска легитимација и искривена културна матрица и тоа што го викаме нормалност“, пишува Бранко Тричковски кој повторно е во свој елемент.

Ред навреди кон сите што мислат поинаку, ред умилкување кај премиерот Заев. Во колумната која носи наслов „Скок од височина од балканскиот гроб“ уште еднаш ги апострофира своите главни тези: неопходноста од расчистување со историското наследство на македонскиот народ и прифаќање на сите грчки условувања во замена за влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

„Оценките се над нашите остварувања. Ќе почнеме преговори со Европската унија, ќе нè примат во НАТО, ќе ни дадат пари и техничка помош да го отстраниме дефектот во бојлерот, кој, еве, толку време, не ни работи. Валкани сме и смрдиме. Меркел да строи војска пред Заев. Тоа е тоа јаже. Не за Заев, се разбира, туку за Македонија. А не и само за Македонија. За Европа. Горд сум што од ова дно на кое се наоѓам можам да видам толку спасители на врвот на дупката. Хахаха! На местото на Александар, Шилегов би требало да посади Гинко Белупо, хахаха, тоа е добро, затоа што тоа дрво ја носи со себе и димензијата на Европа. Но, не знам дали е спремен на столбовите во околните згради и зградурини да постави плочи со текст „Плоштад Европа“. Или мостот „Гоцев Делчев“ да го прекрсти во ‘Мост Америка’“, пишува Тричкоски.

Објаснувајќи ја „мисијата на Заев“, тој тврди дека премиерот не е човек што ја потчинува стварноста на себе, ниту себеси се потчинува на стварноста… Се труди да ја разбере и да ја хармонизира неа, таа стварност со светот и со модерните стандарди. Тоа е неговата величина. Таа хармонизација не секогаш оди со посакуваното темпо, но оди, тоа е најважно… И заклучува дека најавената реконструкција на Владата не е политички рефлекс, туку е чин на длабока промисленост и на идејата да се менува стварноста така што ќе се хармонизира, не со неа туку со благородните импулси што стигнуваат од животот.

„Политбировската структура мора да отстапи пред потребата од мобилизација на сета памет и енергија за совладување на модерните предизвици. Неговите образложенија се обединувачки, а не пресметувачки. Ги има сите наши адмирации. Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради“, заклучува Тричковски.

Редовниот колумнист на „Слободен печат“ и на „Плусинфо“ констатира дека тоа што идентитетот се гради, не значи дека не постоел.

„Се разбира, тука не станува збор за некаква гринфилд-инвестиција, околу тоа прашање нема смисла да се расправаме со патриофилните лудаци од ванковистички или солзастичен и вмроистичен, тоест, исти курац тип, ниту пак значи дека тураме нови отпорни слоеви врз идентитетскиот јунфер на нацијата во сарајот на вмронските султани, не, тоа само значи дека наместо опинците од свинска кожа, на детето му обуваме убави зимски чевли, тоа значи дека идентитетот го развиваме, дека го издигнуваме на повисоко ниво, дека од опиеноста со статусот на жртва, се обидуваме Македонецот да го поместиме во класата на победниците (Фрчкоски), колку и да се чини дека е тоа невозможна мисија, дека се обидуваме македонската мравка да ја качиме на грбот на европскиот слон, а не да го играме ‘Тешкото’ под неговите нозе со Мицковски качен врз тапанот како Груевски што се беше истопорил врз антиамериканската гајба“, пишува тој.

Објаснувајќи го целиот процес според сопствени аршини Тричкоски вели дека конфликтот околу името „е последната битка меѓу македонскиот патетичен шовинизам, меѓу македонската лажна историска легитимација и искривена културна матрица и тоа што го викаме нормалност“.

Името е Ватерло на кое европската коалиција на модерноста ќе ги смачка умислените наполеончиња на оние што ги згазило времето. Тие што преку темата за името ја реализираа својата мисија за деконструкција на Македонија и оние што се лепеа за првите во своите ванковистички трактати на заробениот ум, не задолжително и злонамерен, се разбира, но по пласманите и импликациите, злонамерен што позлонамерен не може да биде, ќе бидат тргнати од масата, не како решение на која било инстанца, туку како решение на времето, ќе изумрат како дуносаурусите, меѓу другото и поради диспропорциите на телата, главите и апетитите и неадаптибилноста на променетите околности. Ќе останат без тема како диносауруси без трева“ – додава познатиот Тричко.

Според неговите толкувања Македонија излегува од илинденскиот циклус и од својата асномска реализација. Смета дека тие две фази се важни во македонската државна и национална реализација, но на крајот се манифестирале и во сиот свој ограничувачки и дури, самоубиствен потенцијал.

„Илинден и АСНОМ ќе останат политичка историја и митологија, но политичките критериуми што ги наметнуваа тие елементи се исцрпени. Градејќи го идентитетот низ овие процеси, Македонија мора да изгради свест за вистинските димензии на оваа трансформација на повисоко ниво. Нашата нова реализација нема да ја темелиме на Гоце и Даме, на четите и на Ќосето, на ВМРО, на славните јунаци што станале од гробовите, затоа што тие работи се овосочени во сојата вистинска односно лажна димензија. Јас верувам дека ќе дојде денот кога комплетната коњичка репрезентација на чело со Делчев, ќе ја тргнеме од јавниот простор! Јас така го разбирам светот, хахаха! Македонија е најмалку лошото решение, а тоа значи дека сè уште е најдобро. Оној момент кога домашната јавност и светот разбраа дека со одбраната на името вмроните не го бранат идентитетот туку свесно и систематски ја растураат Македонија, беше решено трајно да се отстранат од власта. Еве го мојот статус од фејсбук по тоа прашање: Никогаш, под никакви околности, во која било форма и на кој било начин, демократски, насилен, крвав или посран, преварантски, магиски, земски или вселенски, ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати на власт во Македонија. Се разбираме ли? ВМРО-ДПМНЕ: Македонија, фикс двојка. Засекогаш! Крај!“ – го завршува својот трактат Тричковски.

3 Коментари

  1. Trickovski ili Triperski siri zaraza na nekoj si novo modernizam i nema pojma deka vo Skopje mnogu odamna ima Ginko Biloba zasadeno a ne Ginko Belupo se gleda covekot e neuspesen abortus od nekoj Ganco Prolupan

  2. Trickovski po tvoe treba da zaboravime deka sme postoele od pamti vek da trgneme napret kazuvas deka sme sovinisti OJ NEDODELKAN a sto mu preci na elenite (pogrcenite) SOVINISTI nie da si ostaneme MAKEDONCI

  3. Што ли му направила Македонија на овој човек? Што ли му направиле македонците на овој човек?Што ли му направила историјата на овој, повеќе не сакам да го нарекувам човек…?
    Од каде олкава омраза кон се што е македонско? Има ли овој … деца, внуци, роднини, пријатели ? Ако има …. тешко ним !
    Може ли љубовта кон татковината, кон сопствената историја, кон оние кои оставиле белег во неа , да биде нападната од ваков….?
    Има ли некој сила да го замолкне? ова , буквално, нема никаква врска со новинарство! Ова е Ширење на отров и омраза кон се што тој смета дека не е негово!
    Па и нема право да посегнува кон сопственост… Овој нема идентитет, нема потекло , нема ништо освен гола омраза кон својот народ и нација!
    Кој можел да го иструе или инструира вака? Парите? Од кого? Клку?
    Ако не се пари , што е ? Може ли во олкава мера да се мрази? Што му направило нему образованието? Учел ли овој… историја? Има ли некаква вера? Има ли грам Жувства за други?
    ИМа ли…. Има ли….
    Свесен ли е за болката што ја пртедизвикува кај другите?

Comments are closed.