Трошењата во Антикорупциска пред Јавното обвинителство

Откако беа објавени детали за тоа на кој с’е начини членовите на Атникорупциска комисија делеле пари за наводни трошоци и врз фиктивни налози, Јавното обвинителство, врз основа на допрен глас, денеска покрена постапка за трошењето на буџетските средства.

„Обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и другите релевантни институции“, стои во дописот од Обвинителството.

Се огласи и владејачкото мнозинство. Од СДСМ побараа членовите на Комисијата за спречување корупција да си поднесат оставки. Во спротивно ќе бидат разрешени.

Јавноста беше шокирана од сознанието дека членови од Комисијата земале пари за  патни трошоци за доаѓање на седници,и покрај тоа што за нивната работа тие имаат високи месечни примања. Уште повеќе што средствата биле исплаќани врз основа на невалидни патни налози. Некои од антикорупционерите воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, за други било констатирани дека земале дневница за еден два па и три патни налози во еден ден.