Loading...

Шефот на пратеничката група на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Томислав Тунтев, постави нов рекорд од собраниската говорница – цели 16 минути го фалеше својот лидер Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања!

„Јас ќе го парафразирам Мартин Лутер Кинг. Во изминативе 10 години имав сон дека ќе дојде премиер кој ќе рече дека ни е важна развојната компонента, важен ни е економскиот развој. Ја чувствувам Вашата подготвеност, но и на оваа Влада, посебно со последниве мерки“, поентира Тунтев, пред да влезе во македонската парламентарна историја како пратеник што најдолго му делел комплименти на својот партиски шеф од говорницата на законодавниот дом.

Заев, пак, кој доби пофалби и од Амди Бајрам, му се оддолжи на сопартиецот со трпеливо одговарање на неговите констатации, „надградени и проширени“ со прашања околу Охридско Езеро и заштитата на неговата околина.

Седницата ја бојкотираше ВМРО-ДПМНЕ поради притворот за шесте нејзини пратеници за настаните од 27 април минатата година.