Турците градат воен објект спроти грчкиот остров Имиа во Егејот

Фотографии од плажата Гумуслук на полуостровот Бодрум од кои наводно се гледа дека се работи на изградба на нова воена инсталација, објави турскиот весник Џумхуриет.

„Катимерини“ ја пренесува веста дека по тензијата во Егејското Море, која настана поблиската средба на грчките патролни и турски воени бродови околу грчкиот остров Имиа во понеделникот, во тек е изградба воена инсталација на плажата Гумсулук спроти двете карпестите островчиња со заедничко име Имиа.

Островот Имиа, (всушност две мали островчиња) со површина од 4 хектари се наоѓа во Егејското море оддалечено 10, односно 4,6 километри од грчките острови Калимнос и Кололимнос и на 7 километри од турскиот брег во близина на Бодрум.

Во 1996 година, меѓу Грција и Турција изби сериозна криза поради спорот за територијалната надлежност вез островот Имиа во архипелагот Додеканеди во Егејското Море. Во близина на островите, кои Турците ги нарекуваат Кардак, бил насукан брод чиј капетан побарал помош од турските власти, а не од грчките. Грција, тогаш, го оцени навлегувањето на турските спасувачки екипи во овие територијални води како акт на агресија.

Кризата се разгорела откако турски новинар кој исто стигнал на островот, го симнал грчкото и го поставил турското знаме.

Старите тензии околу Имиа, започнаа на 28 јануари годинава, кога грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, (се обиде да) положи венец на местото каде што тројца грчки офицери загинаа во хеликоптерска несреќа за време на кризата на островот Имија во 1996 година.

Веднаш реаграше и официјален Вашингтон преку американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајет, кој рече дека „Америка е загрижена за можен ‘инцидент’ помеѓу Грција и Турција во Егејот.“

Турски бродови тогаш, наводно, го спречиле обидот на министерот Каменос да стигне до островот, што беше демантирано од Атина.

Вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас го предупреди турскиот премиер Бинали Јилдирим дека инцидентите како оној во регионот на Имиа во понеделникот, кога се случила „блиска средба“ на грчки и турски бродови „директно ги поткопуваат грчко-турските односи”.

Грција инсистира „веднаш да се стави крај на зголемените провокативни турски прекршувања на територијалните води на грчките острови и воздушниот простор во Егејското Море и да се намалат тензиите“, јави АНА-МПА.

Според информациите, Јилдирим тврди дека инцидентот од понеделникот не бил резултат на намерна акција.

Кризата во турско-грчките односи дополнително се зголеми откако турски бродови спречија италијанска фирма да продолжи со истражувањето на нови извори на природен гас во околина на Кипар.

 

Оставете коментар