Турција бара конкретни чекори од Македонија против „ѓуленистите“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во вторникот го потврди цврстиот став на Турција против терористичката група ФЕТО на пребеганиот Фетула Ѓулен која Турција ја обвинува дека стоела зад зад обидот за државен удар во 2016 година.

„Решени сме да ја искорениме оваа организација ширум светот”, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со македонскиот колега, Ѓорге Иванов.

Турскиот претседател уште додаде:

„Во овој контекст, навистина сакаме да видиме конкретни чекори од страна на Македонија во борбата против терористичката организација на Фетула Ѓулен“.

Македонскиот претседател, исто така, изрази поддршка за демократски избраните турски власти,

„Свесни сме за сите чекори преземени од страна на Турската Република. Ја разбираме штетата што ја (Турција) ја претрпе од ФЕТО и други терористички групи“, рече Иванов. „Ние сме против сите видови тероризам“.

Терористичката организација ФЕТО на Фетулах Ѓулен има седиште во САД, е обвинета од Анкара дека го организираше обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 луѓе, а речиси 2.200 беа повредени.

Анкара, исто така, го обвини ФЕТО дека стои зад долготрајната кампања за соборување на турските власти преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Ердоган го поддржа ставот на Македонија во својот спор со Грција за името на земјата.

„Ние јасно го потврдивме ставот со тоа што бевме прва земја што ја призна Македонија со уставното име и со националниот идентитет и која назначи амбасадор“, рече Ердоган.