Освојувачот на германскиот фудбалски куп Борусија Дортмунд на општо изненадување го избрка тренерот Томас Тухел само два дена по освојувањето на првиот пехар со тимот. По две години на Сигнал Идуна паркот, Тухел денеска, според Bild разговарал со раководството на Борусија само 21 минута, по што го напуштил местото, и потврдил дека тој веќе не е тренер на црно-жолтите.

Bild не зане дали причина се барањата на Тухел за зголемување на платата или пак, загубениот авторитет во соблекувалната, но претпоставува дека првите луѓе на клубот веќе имаат решение. Тоа би бил поранешниот тренер на Херта и Борусија Менхенгладбах и сегашен на француската Ница, Лусиен Фавр.

SHARE