Loading...

 

Демонстранти во Каталонија се судрија со полицијата откако Врховниот суд на Шпанија оцени дека на 25 каталонски лидери треба да им се суди за бунт, проневера или непочитување на државата.

Доколку бидат осудени тие може да добијат и до 30 години затвор.

Повеќе од 20 лица беа повредени кога полицијата синоќа употреби палки против демонстрантите во Барселона. Демонстрации се одржаа и во другите делови на Каталонија.

Во Мадрид, судија на Врховниот суд нареди уште пет каталонски лидери да бидат притворени без кауција, во очекување на судење за нивната вмешаност на референдумот за независност во октомври.

Други сепаратистички фигури веќе беа во притвор или се во странство, меѓу кои и каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон.