Украинците се селат во Полска во потрага по работа

Украина во моментов е главен генератор на работници кои бараат подобар живот во европските земји.

Според Блумберг,oфицијалните податоци покажуваат дека од 2015 година, земјата ја напуштиле 7 проценти од работната сила, а одливот на млади и образовани работници веројатно ќе се зголеми откако Европската унија минатата година ги укина визите за Украинците.

Според Меѓународната организација за миграција, 12% од Украинците тврдат дека нашле работа во странство или планираат да го сторат тоа наскоро.

Долгорочната слика е исто така вознемирувачка. Обединетите нации проценуваат дека населението на Украина до 2050 година од сегашните 44,2 милиони ќе се намали на 36,4 милиони луѓе.

Полска е водечка дестинација на украинските работници, каде што моментално држат 1,5 милиони работни места. Работата во соседната земја има очигледни предности: додека просечната плата во Украина е 7.100 гривни (265 долари), во Полска достигне 1.046 долари.