Улици под вода по невремето на Балканот

Невремето проследено со силен, пороен дожд што зафати неколку држави во регионот ги направи улиците вистински базени, по кои тешко се движеа и возилата и пешаците. Во Скопје паднаа 32 литра на метар квадратен, во делови од населбите Карпош, Бутел и Ѓорче Петров беа поплавени подрумски простории, во источна Македонија имаше скршени дрвја, а на север од нашава земја, во Србија, по улиците беа забележливи вистински езера.

Нудиме аматерска снимка од Нови Сад каде што уметност беше движење по водените патеки.