Loading...

Амбасадата на САД во Бугарија изрази загриженост од демонстрацијата на нетолерантност манифестирана на вчерашниот „Луков марш“ во Софија.

„Генерал Христо Луков бил поддржувач на нацизмот, кој проповедал омразата и неправда, а не човек кој заслужува почит“ се вели во соопштението од Амбасадата на САД во Бугарија.

Околу 500 ултрадесничаридесничари му оддадоа почит на бугарскиот генерал во Втората светска војна, познат по тоа што ја поддржувал тогашна нацистичка Германија. Меѓу учесниците на маршот во чија иконографија се и запалени факели, имало и стотина лица кои пристигнале од Грција за да ги поддржат бугарските колеги, но и од други европски држави.

Таканаречениот „Луков марш“, организиран од Бугарски национален сојуз (БНС) , се одржа по 15-ти пат и покрај забраните.

Стотина лица излегоа на контрапротест со пароли „не за „Луков марш“.

Георги Георгиев, заменик-министер за надворешни работи, изјави дека ваквите собири можат да го нарушат угледот на Бугарија особено сега за време на бугарското претседавање со ЕУ.

Од американската изразиле благодарност на напорите на бугарската влада и на градоначалникот на Софија, Јорданка Фандакова, кој го осудија маршот и ги повикаа сите Бугари да се обединат околу позитивните примери во историјата на земјата, пренесуваат бугарски медиуми..

Амбасадата целосно го поддржува демократскиот принцип на слободата на говорот, но истовремено со тоа се приклучува кон мнозинството кое ја осудува омразата и нетолеранцијата.

Генерал Христо Луков бил воен министер за време на Втората светска војна.

Луков бил убиен од партизаните антифашисти во фебруари 1943 година пред неговиот дом.

Подолу, видео-снимка од минатогодишниот марш во Софија.