Во организација на натпартиското движење „Нашето име е наше право“, утре, 4 март на Плоштадот Македонија во Скопје, во 13 часот, ќе се одржи протестен собир на кој ќе се изрази незадоволство од политиките кои ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Сенародниот собир, се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонците од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка

Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од сите локации ширум светот и организираат бесплатен превоз до Скопје од другите градови.

Движењето “Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за прв пат беше објавена декларација со која се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

SHARE