Утре семакедонски протест пред Собранието на Македонија

Светскиот македонски конгрес и повеќе македонски национални здруженија, за утре 27 февруари, закажаа „Семакедонски протест“ на кој се очекува да го искажат несогласувањето со некои потези на актуелната власт и надлежните институции во земјата.

По Маршот од Мисијата на ЕУ во Скопје до Собранието на Република Македонија тие ќе ги предочат своите барања: Безусловен прекин на преговорите за името на Македонија, итно повлекување на „противуставниот Закон за употреба на јазиците, ослободување на притворените од настаните на 27 април 2017, ослободување од затвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и поништивање на Договорот Заев – Борисов, потпишан во август минатата година.