Стапува во сила Договорот за добрососедство со Бугарија!

Министрите за надворешни работи Екатерина Захариева и Никола Димитров, утре во Софија ќе потпишат Протокол за размена на документите за ратификација со кои влегува во сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, соопшти прес службата на бугарската влада.

Церемонијата ќе се одржи утре во Советот на министри на Бугарија.

Договорот за добрососедство беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, а во почетокот на оваа година беше ратификуван од парламентите на Бугарија и на Република Македонија.

Со потпишувањето на Протоколот за размена на ратификација документи завршува целосно постапката за негово влегување во сила.

Оставете коментар