По завршувањето на натпреварите на нордијците Македонија денеска нема свој претствник на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, но затоа утре ќе го имаме алпскиот скијач Антонио Ристовски. Тој како 87-ми ќе се појави во првата велеслаломска трка рано во новиот ден или брзо по полноќ по наше време, а вториот настап е утре околу 6 часот. Ристовски ќе има два старта во Јужна Кореја зошто по велеслаломот во четврток ќе се натпреварува и во слалом.