Со ревизијата на учебниците ќе бидат опфатени оние во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи, изјави денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска според која сето тоа ќе се спроведува исклучиво законски.

„Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги брише од историјата, истакна министерката.

Одговорајќи на новинарско прашање,дали МНР побарало од МОН формирање заедничка комисија со Грција за евентуална ревизија на учебниците, министерката рече дека за време на нејзиниот мандат такво нешто немало.

Оставете коментар