Учениците да здивнат, екстерното замина во историјата

Екстерното тестирање на учениците доби поголема поддршка од новата влада на денешното гласање за законите кои го регулирааат образованието.

 

 

 Сите присутни 64 пратеници во Собранието денеска ги изгласаа законите за укинување на екстерното тестирање. Практично без сериозна дебата беа променети за законите за основно и за средно образование и законот за наставници во основните и средни училишта. Законите се донесени по скратена постапка, а  гласањето беше според принципот на Бадентер.

Пратеничката група на СДСМ која ги предложи промените смета дека со тоа се става крај на  долгогодишна лоша реформа во образованието.

„Ова беше една лоша реформа за која учениците и наставниците протестираа, кампуваа и повикуваа на нејзино укинување, со цел да добијат поквалитетно образование. Оваа реформа не е отфрлена поради тоа што учениците не сакаат да учат, туку зашто е беспредметна и наметната. Сакам да им честитам на сите Пленумци што истрајаа во напорите и конечно го дочекаа овој ден. Ова е прва победа на парламентарното мнозинство“, рече пратеничката Ивана Туфегџиќ.

На денешната седница пратениците ги донесоа и измените на изборниот законик со кој локалните избори се одложуваат или треба да се одржат во првата половина на октомври. Со ова законско решение се пролонгира мандатот на градоначалниците и на советите на општините.

На седницата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  кои на расправата не дојдоа поради нападот врз министерот Никола Тодоров.

SHARE