Учениците на Бадник патувале како жртвите на холокаустот кон концлогорите?!

????????????????????????????????????

Ако ЈСП и градот Скопје не лажат или лошо не пресметале, 7.000 ученици на Бадник го имале најлошото искуство во животот, бидејќи во автобусите биле „напикани“ како жртвите на фашизмот кои патувале кон логорите на смртта во Втората светска војна.

Здружението „Бадникови поворки“ за превоз на децата од општините до црквата „Свети Димитрија“ добило фактура од ЈСП „Скопје“ во износ од 53.000 денари.

Според град Скопје и ЈСП, за превозот на децата биле изнајмени вкупно 18 автобуси – двокатни, нископодни и минибуси.

Во саботата околу 7.000 деца беа дел од „Бадниковата поворка“. Децата прво одеа кај градоначалниците на општините, а потоа со автобуси дојдоа пред црквата „Свети Димитрија“, од каде што во поворка се упатија кон Соборниот храм, каде што се одржуваше традиционалната бадникова прослава.

Ако град Скопје и ЈСП не лажат, ова значи дека во еден автобус се возеле по околу 380 деца, што е невозможно, поради тоа што и во двокатните може максимум да собере по 100 патници.

Ако е точна информацијата на ЈСП и на град Скопје дека меѓу 18 возила имало и комбиња кои собираат далеку помалку патници од автобусите, тогаш во двокатните морале да бидат сместени и по 500 деца.

Посебен проблем е цената на превозот. Според фактурата, просечна цена за возење на секое дете е околу 7,5 денари, што ни од далеку не одговара на реалната цена на организиран превоз.

Врз основа на овој ценовен и процедурален преседан, во иднина секоја граѓанска иницијатива ќе може да бара иста цена од ЈСП и од Град Скопје во кој било ден, делник или празник.

Според градоначалникот Петре Шилегов, за договорот со ЈСП немало јавна набавка ниту каква било друга процедура, бидејќи било неработен ден – сабота.