Врховниот суд на Грција го одложи рочиштето на кое требаше да се изјасни по жалбата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски по одлуката на судот во Солун тие да бидат екстрадирани во Македонија.

На 18 февруари рочиштето беше одложено бидејќи Судот обезбеди преведувач на бугарски, а не на македонски јазик.

Овој пат причина за одложувањето беше отсуството на еден од адвокатите.

Судот во Солун, на 5 јануари донесе одлука за екстрадиција на поранешните разузнавачи на УБК во Македонија каде се осомничени во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО.

Грујевски и Бошковски во средината на октомври минатата година тие беа уапсени на аеродромот во Солун при пасошка контрола кога било утврдено дека се обиделе да поминат со фалсификувани бугарски пасоши и да отпатуваат во Будимпешта.

За нив се водат уште две судски постапки: околу нивниот обид со фалсификувани пасоши да избегаат за Унгарија и околу нивното барање за азил во Грција.