Уште малку па сите Грци против „Македонија“ во името

Loading...

Две различни истражувања на јавното мислење во Грција, покажуваат дека 71,7 односно  74,5 отсто од Грците не се согласуваат со име за северниот сосед во кое би бил вклучен терминот Македонија.

Во истражувањето под наслов „Што мислат Грците“, спроведено во периодот од 16 јануари до 5 февруари за весникот „Катимерини“, било поставено прашање поврзано за името формулирано на два начина:

Првата верзија, како што пренесува дописникот на МИА, гласела: „Во рамките на изнаоѓањето решение во прашањето на Скопје, Грција треба“: – да не прифати сложено име што ќе го вклучува терминот „Македонија“, за што потврдно се изјасниле 65,9 проценти од анкетираните, додека 27, отсто од испитаниците биле за слоожено со зборот „Македонија“.

Но, дури 71,5 од испитаниците се изјасниле дека Грција не треба да прифати сложено име со терминот „Македонија“ кога пред прашањето бил додаден делот „По 25 години стабилна грчка позиција во прашањето за името, веќе целиот останат свет нашиот северен сосед го нарекува Република Македонија“.

Во друго истражување за весникот „Прото тема“, анкетираните требало да одговорат дали „Владата треба да го прифати терминот „Македонија“ во новото име на Скопје или не.

Негативно одговориле 74,5 проценти, позитивно 21,8 отсто, а останатите 3,7 проценти рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

Анализирајќи ги резултатите, „Прото тема“ коментира дека против компромис со терминот Македонија се 63,5 отсто од гласачите на владејачката СИРИЗА, пренесе дописникот на МИА од Атина.

1 Коментар

  1. При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.
    Овие услови се: 1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.
    Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.
    Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

    По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “).

    Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

    Да потсетам, државите, според мегународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според мегународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотугиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историиските факти и движења. Државното име, како такво, не влиае на историската интерпретација.
    Грчкото обвинение, дека името е поврзано со иредентизмот и територијалните аспирации, исто така е неосновано според мегународното право. Во мегународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влиае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозувањето на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строгата внатрешна надлежност секоја држава, според мегународното право, неможе да биде толкувано како иредентизам или територијани аспирации.

Comments are closed.