Фармите со ветерници на отворено море би можеле да произведат многу повеќе обновлива енергија од оние на копно, веројатно доволно за потребите на целиот свет, тврди една студија на Карнеги Институтот за наука во Вашингтон.

Иако во моментов не постојат големи морски фарми со ветерници, резултатите од студијата покажуваат дека оваа технологија вреди да се истражува иако моќта на овие ветерници ќе варира во зависност од годишните времиња.

„Во зима, ветерниците во северниот дел на Атлантскиот Океан можат да произведат доволно енергија за да ги задоволат сегашните потреби на цивилизацијата“, се вели во студијата објавена во Зборникот на Американската академија на науките.

Меѓутоа, во текот на летото ветропарковите ќе создаваат доволно електрична енергија само за потребите на електричната енергија во Европа, или можеби САД.

Студијата се базира на компјутерски модели и ја споредува продуктивноста на големите фарми со ветерници во американската држава Канзас со имагинативните големи ветерници поставени на отворено море