Фајненшл тајмс: Катар платил 1 милијарда долари на ИСИС за откуп на заложници

Британскиот весник Фајненшл тајмс тврди дека причината за конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Катар е што властите во Доха на џихадистите од Исламската држава им исплатиле до 1 милијарда долари откупнина за членови на кралското семејство кои биле киднапирани во Иран за време на лов.

Ова за весникот го тврдат преговарачи кои што го договорале откупот според кои откако Саудиска Арабија дознала дека толку пари се префрлени на џихадисти кои што сакаат да го урнат режимот во Ријад започнала со блокада на Катар. На страна на Саудиска Арабија се уште неколку држави во регионот.

Откупнината од една милјарда долари е платена за принцови кои што биле држени во Сирија а кои биле ослободени во април кога и се дознало дека тие се живи.

Дел од причините за прекинот на дипломатски односи меѓу Катар и неколку земји во заливот се се поблиските односи меѓу Доха и Иран но и поддршката за „Муслиманското братство“.

Покрај прекинот на летовите кон и од Доха, официјално поради тоа што Катар го поддржува тероризмот кон оваа земја,  затворени се сите копнени и поморски граници со арапските земји, а воведени се и забрани за прелетување за катарските воздухопловни компании и ограничувања за движење на лица.

SHARE