Дарко Каевски е именуван за директор на Агенцијата за млади и спорт, а по објавата на ФБ и благодарноста се случи на истиот начин. Тој веќе мисли дека веќе има голема поддршка, но свесен е и дека го очекува голема работа.

“Мојата заложба е Агенцијата за млади и спорт да се врати кај младите. Приоритет ќе биде решавање на младинската невработеност и иселувањето на млади лица. Ќе бидеме посветени и на спортот, ќе ги поддржуваме вистински нашите спортисти. Ќе разговараме со младите и младинските организации. Затвореноста и партизираноста на АМС ќе станат минато. Ветувам чесна работа, во која младиот човек и неговите потреби ќе бидат приоритет број 1. Немаме време за оправдувања и изговори. Ќе го вратиме ентузијазмот и енергијата кај младите луѓе“, напиша на својот ФБ профил, новиот директор на АМС, Дарко Каевски.

SHARE