Феминистките се побунија – има ли во ДУИ и СДСМ квалитетни жени?

Професорката на правниот факултет во Скопје и поранешна пратеничка на СДСМ Каролина Астеруд Ристова денеска преку својот профил на фејсбук го крена гласот против малиот број на жени во новата влада.

Ристова Астеруд која важи за еден од ретките борци за поголеми права и одговорности на жените а во времето на ВМРО – ДПМНЕ беше активна во протестите против владата на Груевски вели дека не е во ред што новата влада ќе ја внесува Македонија во НАТО и ЕУ без ниту една жена од ДУИ за министерка.

 

„И, ете така, Али Ахмети ќе ја внесува Македонија во НАТО и ЕУ, кои од уста не ги вади, без жените Албанки, поточно,без ниту една жена од ДУИ за министерка, напиша на својот Фејсбук профил поранешната пратеничка од СДСМ; Каролина Ристова- Астеруд.

Каролина Ристова Астеруд заедно со Радмила Шекеринска е еден од основачите на СДММ и влијателен член на партијата во деведесетите години од минатиов век а од активни партиски ангажмани се повлече во внатрешни партиски превирања во 2006 година.

– Од шест места, ниту една, камоли две-три, па некако да го креневме општиот „рекорд” од 4 на барем 5! Тоа е тој европски идентитет, онака, во ум, душа и срце, во најдестилираната форма. Не дека СДСМ и другите се многу понапред и дека се претегнале. Толку од реформскиот дух во тој дел, а сепак многу, многу индикативен! МЕГАРАЗОЧАРАНА!, напиша Астеруд.

Како пратеничка во Собранието на РМ во 2002 година таа беше прва претседателка на комисијата за европски прашања.

SHARE