Филипче: Бесплатно здравство за деца на социјални случаи

Loading...

Министерот за здравство најави нова мерка со која сите малолетници, деца на родители кои се меѓу социјално загрозени категории ќе добиваат бесплатни здравствени услуги.

“Бесплатно лекување на лица до 18 години чии родители примаат постојана парична помош, сигурни лекови според светски стандарди и почеток на процесот за изградба на нов клинички центар во Злокуќани. Граѓаните заслужуваат подобар здравствен систем..”, напиша министерот за здравство на својот Фејсбук профил.