Loading...

Дуелот на седумкратниот Европски првак, Милан со поранешниот финалист во ЛШ, Арсенал е меч што требаше или можеше да биде финале на вториот континентален фудбалски куп, но жрепката во Нион беше немилосрдна кон големите екипи и ги наметна една на друга уште во осмина-финалето. Според тоа, или за росонерите или за топџиите нема да има алтернатива ако не бидат меѓу првите 3 односно 4 тима во своите домицилни лиги.

Милан ќе биде домаќин на првиот меч, додека реваншот ќе се одигра во Лондон. Спортинг на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во оваа фаза за противник го доби чешкиот тим Викторија Плзен, додека во останатите двојки ќе се сретнат: Лацио – Динамо (К), Лајпциг – Зенит, Атлетико (М) – Локомотив (М), ЦСКА (М) – Лион, Олимпик (М) – Атлетик Билбао и Борусија (Д) – Салцбург. Првите дуели од оваа фаза се закажани за 8 март, додека реваншите ќе се одиграат на 15 март.