Израелската агенција за следење „Black cube“ им се извинува на оние кои биле предмет на нивна разработка, а се по нарачка од продуцентот Хари Вајнштајн. Тој во јули склучил договор со фирмата за следење на неколку актерки кои имале намера да објават дека холивудскиот „маг“ сексуално ги напаѓал, но и новинари кои биле заинтересирани за приказната.
„Black cube“ признава дека не требало да ја преземе работата и дека требало да се држи по страна. Тие се рекламираат како извонредно обучени во израелската војска, но низ соопштение признаа дека кикснале при изборот на работата.

Судејќи по договорот потпишан во јули Вајнштајн ги изнајмил истражителите да ги следат новинарите кои работеле на неговата приказна во Њујорк Тајмс и Њујоркер и актерката Роуз Мекговен која во тој период подготвуваше книга за злоделата на продуцентот.

Оставете коментар