Фрчкоски: Во ДПМНЕ има 85 илјади криминалци, да се исчистат од администрацијата

Во обид да ги релативизира состојбите со новата власт професорот Љубомир Фрчковски во вчерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма се фокусираше на старата и на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него опозицијата е далеку од реформирана, бидејќи половина од партијата половина се уште се кримналци.

Според последните јавни изјави на партиски раководители ВМРО – ДПМНЕ има над 170 илјади членови со што според Фрчковски има и 85 илјади криминалци.

-Барате од нас да имаме разбирање за работи кои не се наши. Зошто ние да имаме разбирање за ВМРО-ДПМНЕ и нивниот криминал и криминална и националистичка база која ја уништи оваа држава? Фино е што нивната агенда се евроантлантските интеграции и подобар однос кон Албанците. Меѓутоа, во таа партија половина уште се криминалци. Овие што ќе излезат од притвор, нема да им ги избришат криминалите, нив ќе им се суди. Тие практично учествуваа во државен удар. Не може тоа да се постави „ха ха“ одиме ние сега понатака. Поопасно за новата Влада е што ВМРО-ДПМНЕ има своја инсталација во државната администрација која воопшто не е очистена, криминална инсталација. Чудно е што сдсмовските кадри се фалат со што ја оставаат таа криминална инсталација и велат еве ние не сме лоши и не ги бркаме.Имате ситуации кога не можете да функционирате. Тие функционираат како паралелен безбедносен систем кој треба да ја спасува групата, рече Фрчковски.

1 Коментар

Comments are closed.