Фрчкоски: Договорот со Грција е посилен по важност од уставот

Геостраегијата на НАТО и САД кои се наши стратешки пријатели е таква што сакаат да го затворат концептот на некакви отворени прашања на западен Балкан и тука Македонија е клучна – вели професорот Љубомир Фрчкоски во интервју за Алсат М. Во таа смисла, тој смета дека: прво, ние сме си ја решиле нашата домашна задача околу, како што тврди, промена на „ова што го нарекуваме авторитарен пир или авторитарно владеење во кое заглави Македонија, во кое ги изгуби позициите на меѓународен план, ги заостри односите со сите соседи“. А истовремено Владата на Алексис Ципрас во Грција направила „некои свои потези“, па сега тој елемент „релевантните странци го користат за притисок“. Збрувајќи за најреалните опции во врска со решавањето на проблемот со името Фрчкоски е јасен:

-Горна или Сeверна се варијанти кои се најсериозно на маса, но во секој случај два збора напишани одделно, друга комбинација не е предмет на сериозни разговори. Можеби најголем број држави ќе го следат ова ново име, но има една мала група држави која може да прифати или не. Тој проблем кај „ерга омнес“ постои, но е минорен односно безначаен – смета професорот на Правниот факултет при УКИМ во Скопје.

Фрчкоски е убеден дека евентуалниот Договор мегу нас и Грција ќе биде посилен по важност и по гаранции од барањето за промена на уставот.
-Ние уставот можеме да го смениме кога сакаме. Тоа е внатрешен правен акт, тоа не дава никаква гаранција на другата земја дека за две години ние можеме да го смениме. А Договорот не можеме да го смениме. Тоа нив им дава гаранција – тврди Фрчкоски.

Според него, во ваков концепт на „преговарање за се“, за нас е најважно да го обезбедиме идентитетот кој оди преку името на јазикот и нацијата како македонски.

-Имам впечаток дека во овој пакет тоа е обезбедно. Има некое решение кое за нас е одржливо. Терминот „македонски“ се користи за јазикот, а притисокот кон уставот е еден вид ароганција на Грција, популистички став за нивна внатрешна употреба, но нема да извршат силен притисок за промена на уставот бидејќи тоа ќе предизвика криза. Во Македонија едноставно нема да се прифати промена на уставот – вели тој.

Фрчкоски го коментира и Договорот со Бугарија кого го смета за „апсолутен гест напред, кој требаше одамна да се направи“. Инсистира дека договорот нема противречни елементи кои фрлаат сенка на било каков наш внатрешен проблем, а истовремено геостратешки ни е потребен, бидејќи нам коридорот Исток – Запад ни е неразвиен, далеку зад коридорот Север – Југ, а за да бидеме важна држава, двата коридора требало да бидат избалансирани најмалку еднакво.

3 Коментари

  1. E ako e taka kako sto sigurno tvrdite godpidine Frckovski, togas stavete go prstot na glavata i posovetuvajte go Premierot da razmisli dobro KOJA PRESUDA KE MU JA POTPISE NA MAKEDONDKIOT NAROD SO POTPISUVANJETO NA DOGOVOROT ZA IMETO DO GRCIJA, na koj DOGOVOR GARANT KE E MEDJUNARODNATA ZAEDNICA!

  2. Предавник на својот род. Македонци, ќе имате прилика да му судите на овој изрод без човечки карактеристики. Судскиот процес е блиску.

Comments are closed.