Помладата фудбалска репрезентација на Македонија, таа составена од играчи до 19 години во голем стил и со победа од 6-0 против Лихтенштајн го заврши турнирот во Скопје на кој ние завршивме како први, а Белија со триумфот од 5-3 со Швајцарија е втора. Тоа се двете селекции кои одат во натамошниот натпревар од Европските квалификации за оваа категорија, во кој ќе бидат вклучени вкупно 28 национални тимови

Избраните од селекторот Вујадин Станојковиќ, по двете победи од 2:1 над фаворизираните Швајцарија и Белгија, во последното коло го декласираа Лихтенштајн на стадионот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ, а головите ги постигнаа: Чурлинов, Колески, три се дело на Митровски и уште еден даде Миовски.

Македонија го освои првото место во групата 5 со максимални 9 бода, Белгија е втора со 6, Швајцарија трета со 3, а Лихтенштајн заврши последен без освоен бод.

Оставете коментар