Андора синоќа ја шокира Унгарија со 1-0 и ја исфрли од трката за пласман на Светскиот куп, но тоа што за Андора е најбитно е што славеше во официјален квалификациски натпревар по цели 13 години, од дуелот со Македонија. Во истовреме Андора влезе и во прва подолга успешна серија во својата историја бидејќи во февруари славеше кај Сан Марино, а во март одигра нерешено со Фарските острови.

Погледнете го голот на Марк Ремес на Националниот стадион во Ла Вела за најголемата победа на Андора.

SHARE