Луис Хамилтон ја освои Големата награда на Канада и дојде на само 12 бода до водечкиот во генералниот поредок во Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел. Британецот во Мерцедес беше концентриран на стартот од 7. трка сезонава, кога го задржа водството обезбедено во квалификациите и не го испушти до самиот крај. Колегата на Хамилтон, Валери Ботас постојано му го чуваше грбот, а далеку зад нив на Светскиот првак Фетел му се случуваше драма.

Германецот од Ферари се движеше меѓу третото и 11. место и треба да биде задоволен што на крајот на целта на пистата Жил Вилнев во Монтреал заврши како четврти. Пред него освен двоецот од Мерцедес беше и Даниел Рикардо од Ред Бул.

Во Генералниот пласман Фетел води со 141 бод, Хамилтон има 129, а Ботас 93. Следната трка е за две недели во Баку.

SHARE