Хазби Лика: Нема да прифатиме име што ќе го загрози албанскиот идентитет

Вицепремиерот Хазби Лика, во интервју за ТВ 21 изјави дека Албанците нема да прифатат ново име на државата кое би го загрозило нивниот идентитет.

-Ние нема да прифатиме име кое ќе влијае на нашиот национален идентитет, рече Лика. Според него од шпекулираните предлози, ниеден не претставува пречка за Албанците.

Во врска со посетата на пратеникот Грубиво САД и средбата со Нимиц, Лика само кусо рече дека „ Груби има право да се состане со кого сака“.

– Мислам дека тој отиде таму за да даде придонес во решавањето на проблемот со името, изјави Лика.

За Албанците проблем би била опцијата Словенска Македонија која што беше споменувана во неколку наврати но која сега не е меѓу предлозите на Нимиц.