Хан бара итни мерки во најмалку пет области

Итно решавање на проблемите при следење на комуникациите, судската и обвинителската служба, надворешен надзор од независни тела на работата на владата, организирање на фер избори и слободна работа на медиумите се меѓу приоритетите на новата влада за кои ќе биде разговарано утре за време на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан на Скопје.

Хан и владата како базичен документ врз основа на кој ќе го прават планот е извештајот на германскиот претставник во Европската Комисија Рајнхард Прибе кој заедно со својата екипа пред две години подготви мапа на сите македонски проблеми.

Без решавање на оваа мапа нема напредок на Македонија на патот кон ЕУ. Голем дел од прашањата во извештајот на Прибе кој во целосна форма го објавува новатв.мк  се лесно решливи но има и такви за кои покрај законски промени потребни се мачни консултации и координации меѓу власта и опозицијата а за нивна имплементација ќе бидат потреби и финансиски средства.

SHARE