Хан: До лето, препорака за почнување преговори со ЕУ

Европската унија ќе препорача започнување преговори за пристап со Албанија и Република Македонија, проширувајќи го блокот кон Западен Балкан, според изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан.

„Комисијата на ЕУ, најверојатно, до летото, ќе препорача земјите-членки на ЕУ да започнат преговори за пристапување на Албанија и Поранешна Југословенска Република Македонија“, рече Хан во интервјуто за весникот „Ди Велт“, објавено денес.

„Веруваме дека двете земји направија важни реформи во минатото и затоа се квалификувани за овој чекор“.

Република Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година и направи напор за решавање на спорот околу името со соседна Грција кој датира од независноста, потсетува „Блумберг“.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека решениео „никогаш не било толку блиско како што е сега“.

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, претходно изјави дека се надева оти одлуката за започнување на разговорите за влез би можела да биде донесена на самитот на ЕУ во јуни.

Албанија, кандидат за ЕУ ​​од 2014 година, „има направено многу во борбата против организираниот криминал“, рече Хан.

Двете земји ќе им се приклучат на Црна Гора и на Србија кои започнаа разговори за пристапување во 2012 и 2014 година, а кои би можеле да станат членки на ЕУ уште во 2025 година. Б

БиХ поднесе барање, но сé уште не е признаена како кандидат.

Во интервјуто на „Ди Велт“, Хан, исто така, рече дека Комисијата на ЕУ, во претстојниот извештај, ќе го истакне „значителниот дефицит“ во владеењето на правото во Турција.

„ЕУ и Турција треба да се фокусираат на развојот на стратешко партнерство, а не на преговорите за пристап во наредните години“, рече тој.