Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи вонредна седница по унилатералното признавање на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД, објави Франс прес.

Итната седница беше побарана од страна на осум од 15 земји членки на Советот за безбедност.

Одлуката на Трамп направи хаос на Западeн Брег: агенции јавиуваат за конфликти меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили.

Судирите избија по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, да ја премести и амбасадата на САД која досега беше во Тел Авив.

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави одлуката на Трамп.

Палестинците сметаат дека Источен Ерусалим е главен град на нивната држава Палестина и бараат да се постигне решение „за две држави“ на територијата која Израел ја смета за еврејска земја, а Палестинците за нивна татковина.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека веќе не може да ги смета САД за фактор кој ќе може да придонсе за решавање на израелско-палестинското прашање кое „се влече“ од 1948 година кога е гормирана државата Израел.

Лидерите на ммилитантната „Хамас“ од појасот Газа повикаа на нова интифада против Израел.

Потегот на американскиот претседател предизвика реакции и негодување на арапските лидери, но наиде и на неодобрување на многу светски лидери, кои стравуваат од нова војна на Блискиот Исток.

Дури и пред официјално да ја објави својата одлука која го шокираше светот, Палестинците во Појасот Газа почнаа да се собираат и да ги палат неговите слики и американското знаме.

 

Оставете коментар