Во неделата изутрина, една жена која била невнимателна и изгубила контролата над својот автомобил, па излетала од автопатот во Калифорнија во близина на Санта Пола, била многу изненадена кога при спасувањето сфатила дека и помога големата филмска ѕвезда.
Харисон Форд (74), заедно со неколку други случајни минувачи, многу хумано, застанале и се потрудиле да и помогнат на повредената жена на патот Калифорнија 126.

Заедно со други учесници во сообраќајот, Форд успеал да ја извади жената од автомобилот, а потоа сочекал да пристигне брзата помош. Жената поминала со мали повреди, изјавиле подоцна лекарите.

На Харисон сообраќајните несреќи, не му се непознати бидејќи и тој самиот учествувал во неколку од нив, и со автомобилите, но и со својот приватен авион.
Неодамна тој погрешно го процени полигонот и пистата за слетување и пролета веднаш над Боинг 737 со 116 патници и екипажот.
Ова не е прв пат Харисон да има проблеми во воздухот. Пред две години Форд беше сериозно повреден кога насилно слета на терен за голф откако на авионот со кој управуваше му откажа моторот.

Оставете коментар