Холандија деновиве протера 50 нелегални албански имигранти. Меѓу нив, и четири лица кои барале азил и престојувале нелегално во Белгија, а другите во Холандија.

Во изминатите две години, стотици Албанци побарале азил во Холандија. Но, нивните прашања немаат шанса да бидат усвоени, бидејќи Албанија се смета за безбедна земја,пишуваат албански медиуми и додаваат дека и покрај ова, Албанија е земја со најголем број баратели на азил во Холандија. Тие ја користат Холандија како транзитна земја да нелегално да премиенат во Велика Британија.

Според холандските власти, над 90 проценти од илегалните имигранти кои скитаат во двете главни холандски пристаништа се Албанци.

Во април 2017 година, Холандија и Белгија одлучија да организираат директни летови од Европа до Албанија за да ги вратат албанските баратели на азил во нивната земја. Во септември 2016 година, холандското Министерство за правда одлучи да плати по 200 евра секој барател на азил кој ќе се согласи доброволно да ја напушти Холандија.