Холандскиот министер за надворешни работи, Халбе Зејлстра, поднесе оставка откако призна дека лажел во 2016 година кога изјавил дека присуствувал на состанок на кој рускиот претседател Владимир Путин изнел детални планови за „голема Русија“.

Во образложемие на неговата одлука тој вели дека, неговиот кредибилитет е нарушеен и дека  е невозможно да продолжи како министер, пренесува Ројтерс.

Настанот, за кој министерот лажел за Путин, наводно се случил во 2006 година. Тој наводно бил во викенд куќата на Птин каде го слушна рускиот претседател кој говорел за плановите за „голема Русија“, која, наводно, ќе вклучувала и некои од соседите на Русија.

Тој во понеделникот призна дека тоа што го рекол во предизборната кампања пред две години било лага а за наводните планови на Путин дознал „од втора рака“.

Руската амбасада во Холандија ги означи како „пример за лажни вести“ изјавите на  холандскиот министер за надворешни работи за наводните агресивниот руски план.