Ципрас вечерва лета за Брисел, ќе разговара и за името на соседот

Loading...

Турските провокации во Егејското Море и случувањата со ексклузивната економска зона на Кипар (ЕЕЗ), односите меѓу ЕУ и Турција, спорот за името на ПЈРМ и односите на Грција со Албанија ќе бидат во центарот на средбите на грчкиот премиер што ќе ги има на маргините на неформален состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ во Брисел утре.

Алексис Ципрас вечерва ќе отпатува за Брисел, јави АНА-МПА.

Покрај средбите со францускиот и со италијанскиот премиер Ципрас, ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, со бугарскиот претседател, Бојко Борисов, и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, при што ќе се разговара за односите меѓу ЕУ и Турција и миграцијата.

Тој треба да се состане со шефот на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, со која ќе разговара за прашањето за името на ПЈРМ, за Албанија и Турција, јавува атинската агенција.

Според информациите, по неговото враќање во Атина, премиерот во саботата ќе има средба со делегација од американскиот Конгрес, а на агендата ќе бидат вклучени грчко-американските односи, прашањето за името на ПЈРМ и Турција.