Ципрас го слави Божик во Белград

Грчкиот премиер денеска замина за Белград каде планира да го помине Божик заедно со семејството.

Во главниот град на Србија Алексис Ципрас замина по покана на српскиот претседател Александар Вучиќ кој се понуди да му биде домаќин нему и на семејството.

На „Твитер“, Ципарас им пожела „Среќен Божик на сите“.

Грчката ортодоксна православна црква го прифати 25 декември за Божик, според Грегоријанскиот календар како што го слават и католиците, за разлика од православните цркви од некогашната Византија, кои пресметуваат по Јулјанскиот календар.

Србија, меѓу другите (Русија, Украина, Црна Гора, Белорусиа, Македонија) го слават Христовто раќање, Божик 13 дена подоцна, на 7 јануари.

Грчката правславна црква и официјална Атина водат негаторска политика кон Македонија: Првите на је признаваа МПЦ-ОА, а вторите – името на државата…