Ципрас да не се шегува со новинари за сериозни теми (ВИДЕО)

Loading...

Јоргос Кумуцакос, од опозициската Неа демократија го критикуваше премиерот Алексис Ципрас кој вчера во Брисел му посака на македонски новинар да ја претставува „Горна Македонија“ на идните европски сесии.

„Премиерот не може да се шегува со леснотија и плиткост за такви сериозни проблеми … Во моментот кога владите преземаат чекори околу болниот компромис, не е време за шеги, туку за сериозност“, изјави министерот за надворешни работи “во сенка“ на Неа демократија за „Скај“.

Одговарајќи на новинарско прашање за текот на разговорите околу името, Ципрас вчера рече дека „Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.

Кумуцакос уште го потсети премиерот на последните анкети во кои Неа демократија има двоцифрена предност пред владејачката СИРИЗА и му порача дека „неговата партија има решенија за сите сериозни проблеми што се однесуваат на граѓаните“.