Ципрас и Вучиќ ја договарале „Вардарска долина“ без Заев

За време на на трилатералната средба во Солун на која што во четвртокот се сретнаа премиерите на Бугарија и Грција , Борисов и Ципрас и претседателот на Србија Вучиќ, станало збор и за проектот Дунав – Морава – Вардар – Егејско море од кој делот во Македонија е познат како „Пловен Вардар“ или „Вардарска долина“ .

За него на билатерална средба разговарале Ципрас и Вучиќ кои што идејата ја разгледувале како инфраструктурен проект од заеднички интерес.

Точката под која се воделе разговорите а која била подготвена од кабинетите на грчкиот премиер и српскиот претседател била заведна во агендата како “Водена врска меѓу Солун и Белград“.

На средбата станало збор и брзата железничка линија меѓу Солун и Дунав која што е најдолга река во Европската Унија.

За проектот кој треба да ги поврзе Белград и Солун преку Македонија преку вода и двојна железничка линија заинтересирана е Кина чии експерти работат на проектот кој треба да обезбедни брз и ефтин транспорт на кинеската стока преку Егејското море.

Ниту Грција ниту Србија досега не организирале формална средба со македонските власти на која што официјална точна на дневен ред би биле овие проекти.

Премиерот Заев од за македонската јавност непознати причини не беше повикан на средбата во Солун на која меѓу другото било разговарано и за спорот за името и за стабилноста на Македонија.

1 Коментар

  1. MORE NEKA KOPET GOMNA I CIPRAS I NEGOVATA LUBOVNICA ALEKSANDAR VUCIC PEDERU ZAEDNO SO ZAJKO KE IZEJAT GOMNA KE MU SE FATAT NA MAKEDONIJA, OVIE DRZAVI NEMET NIKAKVI PRAVA DA RAZGOVARET ZA MAKEDONSKATA TERITORIJA NI ZA NARODOT SAMO IMET PRAVO DA GO NAPUSTAT BALKANOT DA SI SE VRATAT NAZAT OD KADE SI DOSELE, BALKANOT BIL MAKEDONSKI I KE OSTANIT NA MAKEDONSKATA NACIJA,

Comments are closed.