Ципрас и Меркел телефонски разговарале за името на Македонија!

„Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за тековните преговори за решавање на спорот за името помеѓу Атина и Скопје, провокативната активност на Турција во Егејско Море и источен Медитеран и односите меѓу Анкара и Европска унија“, јавува „Катимерини“.

За време на нивниот телефонски разговор, Ципрас, наводно, ја истакнал потребата за решение за спорот за името со поранешната југословенска Република Македонија, заедно со промените во Уставот на балканската држава.

Во однос на Турција, Ципрас укажал дека почитувањето на меѓународното право е услов за зајакнување на врските на Анкара со ЕУ.

Ципрас и Меркел се очекува повторно да се состанат на маргините на самитот на ЕУ во Брисел в петок.

„Утре Меркел треба да се состане со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, во Берлин“, пишува грчкиот весник.