Ципрас и Мицотакис се скарале за Македонија!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и водачот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис разменија тешки обвинувања во парламентот во врска со разговорите за името со Македонија.

Според Мицотакис владејачките партии „немале единствена позиција за време на преговорите со името“ и тоа му дало можност на македонскиот премиер Зоран Заев да зборува од позиција „на сила со барање за промена и на грчкиот устав“.

Мицотакис рекол дека уште на самиот почеток ја преупредиле владата  да не влегува во преговори доколку не постојат минимални услови за постигнување на општоприфатливо решение – а тоа значи промена на уставот.

„Почнавте да ни се потсмевате … но сега излезе Заев и со огромна храброст побара промена на грчкиот устав како одговор на она што го побаравте“”, рекол Мицотакис за време на дебата во парламентот.

Ципрас изјавил дека воопшто не ја променил својата позиција и чувствувал дека грчките позиции и националната линија околу ова прашање билеподдржани од Нова демократија.

„Бараме решение за клучниот проблем, за името на соседната земја со два основни услови: име за општа употреба, за внатрешна и меѓународна, а тоа значи и промена на уставот“, рече уште Алексис Ципрас, како што пренесе агенцијата БГНЕС.

Мицотакис, се пожалил дека владата не ја вклучила опозицијата во разговорите за името, а министерот за одбрана и надворешни работи има различна позиција во врска со ова прашање.