Ципрас смета дека, без решение за името, Македонија нема да преживее

„Се надеваме дека ќе има одговор и од другата страна, бидејќи за нив ова е прашање од егзистенцијално значење. Посакувам да го сфатат тоа и да имаат сила да преземат тешки одлуки, кои се неопходни“, порача од Солун грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи за прашањето за името на 11. Регионална конференција за продуктивна реконструкција, организирана од Министерството за финансии на Грција и од префектурата Централна Македонија.

„Не значи дека влегуваме во разговорите за да постигнеме какво било решение. Преговараме со чувство на одговорност и со цел да постигнеме решение што ќе ги гарантира нашата историја и нашето културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна“, рече грчкиот премиер и додаде дека Атина сака решение што во иднина ќе им „даде можност на двата народа да продолжат мирно по патот на соработката и развојот“.

Ципрас повтори дека Грција не е под притисок, а во преговорите за изнаоѓање решение учествува поради тоа што смета дека тоа е правилно.

„Сакаме решение што ќе издржи низ времето, а не решение што ризикува многу брзо да се урне и затоа, меѓу другото, како предуслов ја ставивме и промената на Уставот на соседната земја“, додаде Ципрас.

Грчкиот премиер во неговиот говор на конференцијата порача дека грчката област Македонија и градот Солун, кои тежнеат да бидат столб на развојот во регионот, би имале само корист од решавање на спорот со името.

 

1 Коментар

  1. Токму спротивното од „без решение за името, Македонија нема да преживее”, бидејќи по привремената референца ќе добиеме ТРАЈНАТА РЕФЕРЕНЦА, а ваков назив без легитимитет во народот НЕ е Државно име, туку вештачка творба со намена да се укине СЕ Македонско и Македонците целосно да се откажат од својот идентитет!. И то со нашиот потпис! Потоа, планираат Спогодбата за национално само-откажување од се Македонско да биде ПРИФАТЕНА во Советот за безбедност на ООН! Па потоа, да ова сопствено делегитимирање биде потврдено и од Генералното собрание на ООН, така што на крај пред целиот свет ќе ПРИЗНАЕМЕ со нашиот потпис и овера од ООН: ДЕКА НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ!
    Деценија потоа, целосно обезличена Македонија ќе пропадне од проблематизирањето сопствениот идентитет и внатрешните конфликти во земјата која нема „идентитетски белези” и во која само Албанците останаа државотворен народ, со идентитетски атрибути.

Comments are closed.