Ципрас му пиша на Јероним, бара разбирање од Црквата  

Владата ќе ги следи националните интереси на Грција во спорот за името го уверувал премиерот Алексис Ципрас, архиепископот атински и на цела Грција, Јероним.

Премиерот со писмо одговари на одлуката на Светиот синод, кој во средата соопшти дека Црквата „нема да прифати“ употреба на име „Македонија“ како дел од решението за проблемот со името.

„Во врска со нашите односи со ПЈРМ, дозволете ми да ве уверам дека мојата влада е решена да се справи со чувство на национална одговорност, цврста одбрана на националните интереси …во мир, соработка и пријателство со сите народи на регионот “, напиша тој во писмото до Архиепископот.

Ципрас рече дека владата ќе ја земе предвид загриженоста на Црквата и повика на национално единство.

“Верувам дека ќе се согласите со ставот дека, по национални прашања, потребно е широко национално единство, а националното единство се заснова на претпазливост, дијалог, почит кон различните погледи, но исто така и на различни улоги. Тоа (единство) е поткопано од плачење, манифестации на нетолеранција и екстремни реакции кои во име на нацијата доведуваа до национални порази во минатото”, додаде тој.

Вчера, од грчкото МНР ја „советуваа“ Црквата да не се меша во работи кои излегуваат од нејзините ингеренции.