Ципрас на средба со Меркел за спорот со името!

Премиерот Алексис Ципрас се очекува да разговара за спорот за името со Скопје за време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел на неформалниот самит на 27 водачи на Европската унија во Брисел што се одржува денеска.

Ципрас и Меркел, имаа телефонски разговор во вторникот, ден пред средбата на премиерот Заев со германската канцеларка во Берлин.

„Средбата доаѓа ден по изјавата на комесарот за проширување Јоханес Хан кој најави дека ЕУ наскоро ќе препорача започнување на разговори за пристап со Албанија и ПЈРМ, како дел од напорите на блокот за вклучување на Западен Балкан“ пишува „Катимерини.

Комисијата на ЕУ наскоро, најверојатно до лето, ќе препорача земјите-членки да започнат преговори за пристап со Албанија и Поранешна Југословенска Република Македонија”, рече Хан во интервју за весникот “Дие Велт”. .

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, вчера испрати писмо до Хан и до комесарот за регионална политика, Корина Крету,  со кое, според „Катимерини“ ги информира за намерата на Атина да ја поддржи кандидатурата на БЈРМ за пристапување во Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот регион (ЕУСАИР) – еден од двата договори за добра волја постигнати меѓу Ципрас и премиерот Заев во Давос во јануари.

Грчкиот парламент, исто така, се очекува да ја ратификува втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со ЕУ.

По симнувањето на патоказите со името Александар Велики од главниот аеродром и гглавниот автопат, властите во Скопје, пишува весникот“ вчера почнаа да ги симнуваат статуите што би можеле да се толкуваат како симболи за иредентистичките амбиции против Грција.

„Нашите акции ја покажуваат нашата добра волја и покажуваат дека немаме иредентистички аспирации“, рече Заев во средата во Берлинна средбата со канцеларката Ангела Меркел.

SHARE