Ципрас се „пошегувал“ со името Република Македонија!?

Loading...

„Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“, одговорил „полушеговито“ денеска во Брисел грчкиот премиер Алексис Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање за текот на разговорите околу името.

Премиерот сепак порачал дека Грција ги има „најдобрите намери на светот“ и образложил дека „имаме волја да го решиме овој проблем, но нема никаков притисок, никој не не тера, ова не е егзистенцијално прашање за нас, но е за нашите соседи. Не се обидуваме да им наштетиме на нашите соговорници“.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, Ципрас порачал дека Грција има два клучни услови околу компромисот за името – едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение.

„Не треба да биде ‘олеснета верзија“, туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог меѓу народите, името треба да биде за секоја употреба, меѓународна, билатерална но и за внатрешна употреба“ рекол грчкиот премиер.