Ципрас: Уставни промени се предуслов за решение на името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вели дека преговорите со соседите продолжуваат и дека во оптек е сложено име за севкупна употреба.

Она што е ново од страна на Ципрас е делот во кој вели дека услов за постигнување договор се промени на уставот на соседната држава.

„Твитот“ беше споделуван на социјалните мрежи:

„Продолжуваме да преговараме со соседите за заедничко прифаќање на решение кое не може да биде друго од сложено име со важност за секаде и за било каква употреба.

Се разбира, предуслов се уставни промени и повлекување на сите придружни иредентистички елементи“.

Парламентарната група на СИРИЗА денсес се состана околу важните политички случувања во земјата.

Осврнувајќи се на преговорите за прашањето за името на ПЈРМ, Ципрас објасни дека Грција не е повикана „да даде нешто дадено од претходната влада“.

Тој објасни дека „соседите мора да се убедат да престанат да го користат терминот Македонија… и да се убедатда ги вратат имињата и симболите кои не припаѓаат на нив“, пренесе АНА-МПА.

Ова е спротивно на очекувањата и најавите на македонските власти. Имено на 8 февруари „Катимерини“ објави дека македонскиот премиер изјавил дека „Скопје веќе направи „голем чекор за справување со иредентизмот, истакнувајќи дека уставот на земјата последен пат беше променет во 1993 година“.

Скопје се обидува да докаже дека „нема амбиции, без оглед дали се територијални или на друг начин … дека нема иредентистички цели“, рече Заев како што пренесе „Катимерини“.

Заедно со барањето за сложено име кое вклучува географска одредница, Атина повика и на промена на уставот, изразувајќи загриженост за деловите што укажуваат на иредентистички цели.

Весникот тогаш потсети дека „Скопје е подготвено да прифати географска одредница на своето име“ и дека владата донесе одлука за промена на имињата на автопатот и на меѓународниот аеродром.

Грчкото Министерство за надворешни работи го поздрави потегот на ФИРОМ за преименување на аеродромот и автопатот, и го оцени како „позитивен чекор“, пишува Катимерини“.